Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати и во клупските натпреварувања.

Репрезентативецот Александар Љафтов со својот тим Елоре го освои сребрениот медал во Средноевропската МЕВЗА лига, откако во драматично финале загубија од Мурса со 3:2. Натпреварот траеше 131 минута, а Елоре успеа да се врати од негатива од 2:0 во сетови, но сепак не стигна до трофејот. Љафтов во финалето реализираше шест поени. Неговиот тим сега фокусот го насочува кон домашното првенство, каде се на врвот на табелата и важат за главни фаворити за титулата.

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓоргиев, со Карловарско го заврши регуларниот дел од сезоната во чешката Екстра лига на првата позиција. Во последното коло славеа против Брно со убедливи 3:0, а Ѓоргиев беше прогласен за МВП со 19 освоени поени. Карловарско сега влегува во плеј-оф фазата како лидер и еден од главните кандидати за шампионската титула.

ФОТО: ОФМ

Поранешниот репрезентативец Ристо Николов со својот Нефелс обезбеди финале во плеј-офот на швајцарското првенство, откако во полуфиналето го совладаа Шеноис со 3:1. Николов одигра цел натпревар и запиша шест поени. Воедно, тој е втор најдобар блокер во лигата со 48 блокови, веднаш зад Џоел Хаук од Амрисвил. Нефелс ќе игра финале и во Купот, токму против Амрисвил, додека во плеј-оф финалето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Амрисвил и Шоненверт.

ФОТО: ОФМ

Во тренерските води успешно се снаоѓа и поранешниот репрезентативец Ѓоко Јосифов, кој како стратег на Валдфиртел избори пласман во полуфиналето на плеј-офот во Австрија. Неговиот тим во четвртфиналето го елиминираше Грац со две победи од по 3:1, а следен предизвик ќе биде Хартберг, кој претходно им го попречи патот до Куп финалето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!