Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Подготвени сме за надигрување – одиме по позитивен резултат против Тиквеш

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Тимот на АП Брера е во низа од три натпревари без победа во Првата фудбалска лига, но мора да се напомене дека во тој период играше против трите водечки екипи на табелата, ремизираше против Струга Трим Лум и против Шкендија, а минимално загуби од Вардар со гол примен од пенал во 95.минута.

Ова значи дека формата не е во опаѓање, туку допрва следат натпреварите на кои избраниците на Мартин Алаѓозовски ќе освојуваат бодови.

Струмичани денеска гостуваат во Кавадарци и ќе ги одмерат силите со Тиквеш, кој нанижа три последовни победи.

„Тиквеш е квалитетен тим, а посебно добро игра пред своите гледачи. Но, ние сме подготвени за надигрување и ќе сториме сѐ за да извлечеме позитивен резултат од ова гостување“, истакна тренерот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски.

Натпреварот меѓу Тиквеш и АП Брера е закажан за 14:30 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!