Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1 во натпревар од 18. коло на Првата женска фудбалска лига.

Натпреварот во целост беше неизвесен, возбудлив и сосема очекувано со претпазливост во самата игра од страна на двете екипи со оглед дека влогот од истиот за трите бодови беше голем.

Без голови заврши првиот дел од натпреварот во Битола, откако мрежите мируваа и на двете страни, а тоа понуди поголем жар и борба во вторите 45 минути.

Резултатот го отвори домаќинот преку Андреа Алексовска во 56. минута со што Топ Гол дојде прв до водство во дерби пресметката за опстанок. Кочани се обидуваше брзо да реагира и да дојде до гол за израмнување, а тоа се случи во 69. минута кога погоди Лина Мицовска за 1:1.

Но, само по една минута Мила Коњановска постигна гол за ново водство на Топ Гол, а до крајот битолчанките ја чуваа предноста и резултатот од 2:1 стана конечен.



Сега Кочани е на дното со четири бодови – позиција која директно води кон испаѓање во Втора лига, а пак Топ Гол е претпоследен со седум бодови, позиција која води кон баражот за опстанок.

Пред две сезони Топ Гол ја спаси сезоната токму преку бараж, кога во Велес убедливо го совлада тогашниот второлигаш Вардар, кој сега е дел од елитата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото сезонско славје, од предност со седум гола до пораз од еден...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела. Новајлијата Илинден на домашен...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!