Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Позитивна оценка за Стојанче Трпчевски за судењето на мечот меѓу Вардар и Брера!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку соопштение објави дека Одборот на судии позитивно го оцените судењето на денешниот меч меѓу Вардар и Брера Струмица, кој заврши со триумф за скопскиот тим од минимални 1:0.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ОДБОРОТ НА СУДИИ ПРИ ФФМ:

„На денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК АП Брера, судиската четворка беше предводена од нашиот нов интернационален судија Стојанче Трпчевски, кој веќе неколку години е еден од водечките судии во лигата, со стандардно многу добри судиски перформанси и константност во интерпретацијата на Правилата на фудбалската игра. Таков беше случајот и на денешниот натпревар, кој го менаџираше авторитетно и сигурно, без ниту еден доделен жолт картон.

За жал, во 90+4. минута од натпреварот повторно се потврди потребата и целта од воведувањето и примената на ВАР технологијата. Во ситуација кога главниот судија, поради својата поставеност и агол на гледање, не можеше да забележи очигледна и казнива игра со рака од одбранбениот играч на ФК АП Брера, по извршена исклучително брза и точна проверка од ВАР судијата Никола Костенчев, кој утврди јасен и очигледен доказ, правилно и навремено беше интервенирано.

Со тоа беше донесена исправна одлука – досуден казнен удар за ФК Вардар, поради игра со рака која не е потпирачка, туку е во неприродна положба и одвоена од телото, со што одбранбениот играч при блокирањето на ударот го зголемува волуменот на своето тело.

Одборот на судии во целост позитивно ги оценува судиските перформанси на натпреварот, со посебен акцент на одличната и навремена ВАР интервенција“, се вели во соопштението.

Видеото кое беше приложено можете да го погледнете овде.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!