Втора лигаФудбал

Охрид и Шкендија Арачиново со минималец, Брегалница и Скопје убедливи

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Денеска беа одиграни натпреварите од 20. коло во Втората македонска фудбалска лига, во кое фаворитите во најголем дел ја оправдаа улогата и стигнаа до нови бодови.

Екипата на Брегалница на домашен терен ја совлада Саса со 3-1. Костадин Капсаров од пенал го отвори резултатот, а Ристе Темелков во 29. минута погоди за 2:0.

По една не многу зрела шанса Бурим Алиев погоди за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Капсаров со втор гол ги постави конечните 3:1.

Скопје одигра убедлив натпревар во Прилеп и славеше над Победа со високи 0-5. Стрелци беа Јорго Папули, Иса Армир и Тео Мировски, а два гола даде Симеон Христов.

Минимални победи забележаа Шкендија Арачиново, која со 1-0 го совлада Детонит Плачковица, стрелец беше Џихан Адили, како и Охрид, кој со ист резултат триумфираше на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија, со голот на Јахја Абдулхади.



Со победа од 2:0 до трите бода стигна и Осогово, кој славеше против Големо Коњари со головите на Дамјан Стојковски и Филип Димоски, додека Беласица беше сигурна на домашен терен и со 3-0 ја победи екипата на Слога Виница, со двата гола на Бујар Иљази и голот на Александар Милушев.

Интересно беше и на останатите средби, каде Вардар Неготино со 2-1 ја совлада Преспа, откако Дарко Донов погоди за 1:0, а Алекс Горгиовски Константино за двојна предност на неготинци. Елмаз Емуш го ублажи поразот на 2:1.



Со ист резултат Тетекс славеше против Новаци на домашен терен. Александар Анастасијески донесе водство за домаќинот, а Андреј Сиљаноски израмни на 1:1.

Во вториот дел Азис Јамини погоди за конечни 2:1.

Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!