ФудбалФутсал

Валандово ќе гледа прволигашки футсал: Проект како фаворит го пречекува Мал Ајакс

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Валандово конечно ќе следи прволигашки футсал, непоразениот лидер Проект од Јосифово мечот со Мал Ајакс од 13. коло ќе го одигра во салата „Филип Втори“ во Валандово.

Ова ќе значи враќање на Проект во Валандово, откако претходно домашните натпревари ги играше во Гевгелија и Струмица.

Во однос на самиот меч кој ќе започне во 19 часот тимот на Проект е голем фаворит против Мал Ајакс од Штип кој се бори за опстанок во Првата футсал лига.

Нова победа за Проект ќе значи и чекор поблиску до титулата и на неколку кола до крајот и математички да стане нов шампион на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!