Прва лигаФудбал

Трпчевски главен на арената во Скопје, Ристовски на центарот во Тетово, Ѓоргиев ќе им суди на Башкими и Работнички

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Стартува третиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, во три дена ќе се игра 23. коло. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Утре на програмата се два натпревари. Во 12 часот Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра со Македонија ЃП, Благојче Ралевски ќе биде главен судија, а ќе му асистираат Владимир Митревски и Николче Дрнковски, а пак четврт судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски.

Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи, додека пак оператор за повторување на снимката ќе биде Диме Димовски.

Делегат на овој меч ќе биде Дарко Китановски, а пак контролор ќе биде Марјан Кировски.

Во 14:30 часот стартува мечот меѓу Вардар и Брера Струмица кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски со неговите асистенти Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак четврт судија ќе биде Марјан Дејаноски.

Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Дејаноски, оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Стојановски.

Делегат ќе биде Славчо Ѓорѓијоски, а пак контролор Илир Сеља.



В недела на програмата се два натпревари. Од 12 часот Тиквеш ќе го пречека Шкупи, а на центарот во Кавадарци ќе биде Ндерим Тефику, покрај аут линиите ќе бидат Боја Иваноски и Роберт Црвенов, а пак Игор Стојчевски ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Благојче Ралевски, а пак АВАР судија Владимир Митревски, оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски.

Делегат ќе биде Расим Муминовиќ, а контролор Горан Спиркоски.

Од 14:30 часот се игра натпреварот меѓу Шкендија и Арсими, а главен судија во Тетово ќе биде Доне Ристовски, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Бранко Путилин, а пак четврт судија ќе биде Александар Василевски.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, а оператор за повторување на снимката ќе биде Деан Стефков.

Делегат ќе биде Игор Бектеши, а пак Никола Караколев ќе биде контролор.



Со два меча во понеделник ќе се затвори 23. коло, кои ќе започнат од 14:30 часот.

Силекс на домашен терен ќе игра со Пелистер, а главен судија во Кратово ќе биде Јован Качевски, а негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Климент Ристоски, а Кирил Смоквоски ќе биде четврт судија.

ВО ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Гоце Петрески, оператор за повторување на снимката ќе биде Виктор Васев.

Драган Блажовски ќе биде делегат, а пак контролор ќе биде Александар Ставрев.

Башкими и Работнички ќе играат во Куманово, а Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен судија на овој меч. Ќе му асистираат Ристо Ѓоргиев и Богданчо Ѓеоргиев, а Стојанче Стојанов ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Бењамин Ќерими, а АВАР судија ќе биде Дарко Видиниќ, оператор за повторување на снимката ќе биде Жарко Пејковски.

Делегат ќе биде Марјан Пишмановски, а Тони Глигоров контролор.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!