Останато

Газели Волеј убедливо до полуфинале во Купот на ОФМ

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Годинешната завршница од Купот на ОФМ во женска конкуренција ќе ја сочинува бранителот на титулата Наковски Волеј и три екипи кои за првпат ќе настапат на финалниот турнир – Вардар ЕМ, Младост УГД и Газели Волеј.

Екипата на Газели Волеј, која оваа сезона е новајлија во прволигашкото друштво, беше последниот тим што обезбеди пласман на завршниот турнир. Во четвртфиналниот дуел одигран во Скопје, „газелите“ пред својата публика славеа убедлива победа од 3:0 во сетови (25:16, 25:20, 25:13) против составот на Пелистер Волеј.

Иако се очекуваше поизедначен натпревар, домашниот тим одигра сигурно и дисциплинирано во текот на целиот меч и заслужено стигна до победата. Од друга страна, гостинките од Битола не успеаја да го покажат својот препознатлив квалитет и беа далеку од своето најдобро издание.

Со овој триумф, Газели Волеј им се приклучи на Наковски Волеј, Вардар ЕМ и Младост УГД, кои уште претходно го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри екипи во Купот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!