Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Александра Стојановска: Младоста во тимот може да биде наше изненадување

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Најдобрите македонски кошаркарки од вчера попладне се во Копенхаген, каде утре од 18:30 часот против селекцијата на Данска ќе го одиграат четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2027.

Во претходните три натпревари, нашата женска сениорска репрезентација забележа една победа, токму против Данска. Во драматичен меч одигран во СРЦ „Кале“, македонските кошаркарки славеа со минимални 79:78.

Сепак, утрешниот дуел нашата селекција го дочекува во значително изменет состав. Најголемата промена е отсуството на долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која неодамна се повлече од активното играње кошарка.

Се очекува капитенската лента да ја преземе најискусната кошаркарка во актуелниот состав, Александра Стојановска, која ги сподели очекувањата пред претстојните натпревари од квалификацискиот циклус.

„Очекувањата, секако, не можат да бидат исти како претходно. Во моментов се случуваат големи промени во националниот тим. Доаѓаат многу млади играчи, а промените во играчкиот ростер се значајни. Имаме и ‘пензионирање’ на нашиот најдобар играч, Анџелика Митрашиновиќ, што драстично ја менува улогата на плејмејкерот во тимот.

Нашата цел е да бидеме обединети како екипа и да го дадеме максимумот како и секогаш. Сакаме на младите играчи да им покажеме како се бори и како се сака репрезентацијата. Дали тоа ќе биде доволно за победа, ќе видиме на терен“, изјави Стојановска.

Стојановска верува дека токму младоста во составот може да биде и фактор на изненадување во натпреварите од овој мартовски ФИБА „прозорец“.

„Зошто да не? Имаме многу талентирани млади играчи кои се уште се во фаза на развој, и како кошаркари и како личности. Јас лично верувам во нив и сметам дека можат да изненадат и да покажат што знаат и што можат, бидејќи ова за нив е голема шанса“, додаде Стојановска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката за титулата и опстанокот. Двата натпревари од колото ја продлабочија драмата...

Втора лигаФудбал

Коло кое решава голема судбина: Струмица и Автокоманда како пресвртници, Шкендија Арачиново со сценарио за врвот

Втората македонска фудбалска лига влегува во делот од сезоната каде повеќе нема простор за поправки. Секој бод добива тежина на финале, секоја грешка...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентацијата со нов имиџ – ФФМ го промовира дресот за новата сезона

Фудбалската федерација на Македонија го промовира новиот дрес на македонската репрезентација, изработен...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!