Ракомет

Вардар вечерва ја брка првата позиција во групата од Лигата на Европа

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го одиграат последниот натпревар од главната рунда во Лигата на Европа, во кој ќе се соочат со германски Мелсунген. „Црвено-црните“ веќе имаат обезбедено место во елиминациската фаза, но пред нив стои можност и за директен пласман во четвртфиналето.

Македонскиот вицепрвак во моментов го има загарантирано најмалку второто место во групата, што носи настап во осминафиналето. Сепак, тимот има шанса да заврши и на врвот, позиција што обезбедува директен билет меѓу осумте најдобри во натпреварувањето.

Во пресрет на последниот дуел, вардарци имаат и мала предност – реми против германскиот состав ќе биде доволно за да ја задржат првата позиција, со оглед на тоа што славеа на првиот меѓусебен натпревар со Мелсунген.

Тренерот Иван Чупиќ за гостувањето во Германија ќе може да смета на речиси комплетен состав, иако веќе викендов Вардар го очекува уште еден важен предизвик на домашната сцена – дерби гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола.

Исто така, и тренерот Роберто Гарсија Парондо ќе ги има на располагање играчите кои претходно паузираа поради повреди, па се очекува интересна и неизвесна пресметка.

За вардарци задачата е јасна – позитивен резултат против Мелсунген значи прво место во групата и директен пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„На крилјата на навивачите да стигнеме до финалето!“ – порака од Иванковиќ пред битката со Целје

Охрид е на прагот на историски момент – натпревар што може да ја однесе екипата во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да...

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига, а вниманието го привлекуваат дуелите меѓу Спартмани и Дрвош, како и...

Поврзани написи
Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари,...

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!