ФудбалФутсал

Бојан Иванов херој на Осогово: Со два гола донесе бод против Бутел во битката за опстанок

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Синоќа се комплетираше 12. коло во Првата футсал лига со натпреварот меѓу Бутел и Осогово, кој заврши без победник – 3:3, по возбудлив меч со шест погодоци и поделба на бодовите.

За екипата од Крива Паланка овој бод има големо значење во тешката битка за опстанок. Осогово, кој минатата сезона играше историско финале во Купот на Македонија (каде што беше поразен од Форца), оваа година се бори да го задржи местото во елитата.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по пет минути игра поведоа со 0:1 преку Кристијан Стојановски. Сепак, Бутел за само три минути направи целосен пресврт и поведе со 2:1 благодарение на головите на Петар Лазовски и Иван Крстевски.

Домашниот тим продолжи со добрата игра и до полувремето ја зголеми предноста на 3:1, откако Владимир Трендафиловиќ во 15. минута погоди за два гола разлика.



Во второто полувреме Осогово не се предаде. Бојан Иванов беше човекот на одлука за гостите – најпрво во 22. минута намали на 3:2, а седум минути подоцна повторно погоди за конечни 3:3 и вреден бод за својот тим.

По ова реми, Осогово го дели седмото место со Шкупи, двете екипи имаат по 11 бодови и водат директна битка за опстанок. Тие имаат два бода повеќе од зоната за испаѓање, каде што се наоѓаат Мал Ајакс и Балкан со по девет бодови.

Бутел, пак, по ова коло се наоѓа на петтото место на табелата со 17 освоени бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дожд од погодоци во Струмица: Брера слави „лото“ победа над очајниот Шкупи

Брера Струмица ја забележа највисоката победа во 6. коло на Втората лига славејќи убедлива победа од 7:0 над Шкупи, во дуел на двата...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Прилеп живее за фудбалот, ГФК Победа со ДЕСЕТ гола го „уништи“ Влазними Јуниор

Прилеп дефинитивно е најфудбалскиот град во Македонија, ГФК Победа пред полна трибина на која немаше каде игла на падне славеше со 10:0 над...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Дожд од погодоци во Струмица: Брера слави „лото“ победа над очајниот Шкупи

Брера Струмица ја забележа највисоката победа во 6. коло на Втората лига...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Прилеп живее за фудбалот, ГФК Победа со ДЕСЕТ гола го „уништи“ Влазними Јуниор

Прилеп дефинитивно е најфудбалскиот град во Македонија, ГФК Победа пред полна трибина...

Трета лигаФудбал

Јуниор славеше над Победа од Тромеѓа во меч со пет гола

На воведниот меч за отварање на 2. коло на Трета лига регион...

Трета лигаФудбал

Нов пораз за Преспа: Крошу Спорт го совлада ланскиот второлигаш од Ресен

Екипата на Крошу Спорт стигна до победата сезонска победа во Трета лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!