Останато

Шампионот Струмица на колена – Штип УГД фуриозно ита кон титула!

Сподели
ФОТО: Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Штип УГД со 1-3 во сетови вечерва славеше над актуелниот шампион Струмица, во рамки на 7. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига.

Уште една голема победа за штипјани, шампионот е на колена, а тимот на Кристиан Ристески ја продолжува победничката форма и како што најави по одличното европско деби сакаат двојна круна.

Резултатите се потврда на амбициите на Штип УГД, вечерва Штип УГД дојде до убедлива победа на патот кон титулата. Во првиот сет штипјани беа подобри од струмичани со 12:25 во првиот сет и 13:25 во вториот сет.

Во третиот сет струмичани собраа сили и сетот го добија со 25:21, но пак затоа во четвртиот сет Штип УГД со 9:25 го освои сетот за конечни 1-3 во сетови.

Во однос на останатите мечеви, тимот на ГОК Борец со 3-1 во сетови го доби тимот на Сушево (25:13 23:25 25:17 25:21), а со ист резултат 3-1 во сетови славеше и Работнички над Универзитет во Тетово (25:13 25:21 19:25 25:15).



Во плеј-аутот, интересно како и во плеј-офот, сите три натпревари се решаваа во четири сета, две домашни и една гостинска победа.

Весна Пробиштип на домашен терен славеше над Јанта Волеј со 3-1 во сетови (22:25 25:14 25:11 25:23), а домашна победа имаше и за екипата на Шкендија над Лирија, исто така од 3-1 во сетови (25:19 25:27 25:13 25:15), пак гостинска победа од 1-3 во сетови имаше тимот на Скопје над Македонија Џио (25:22 18:25 19:25 16:25).



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Реј Моралес: „Го претворивме заморот во мотивација“ – Охрид покажа шампионски менталитет

Ракометарите на Охрид остварија исклучително важен триумф на гостувањето кај Алкалоид, славејќи со 27-26 и правејќи голем чекор кон задржување на втората позиција...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло ќе се игра во друг термин. Мечевите од оваа рунда се...

Поврзани написи
Останато

Бронза за Милев во Унгарија, Љафтов, Ѓоргиев и Савовски „бркаат“ злато со своите клубови

Искусниот македонски репрезентативец и интернационалец Владо Милев и неговата Казинбарчика ја затворија...

Останато

ФОТО: Три бронзи за џудо клубот Дрим од Струга на силен меѓународен турнир во Чешка

Џудо клубот Дрим од Струга имаше успешно претставување на престижен меѓународен турнир...

Останато

Наковски Волеј на чекор до титулата: Водство од 2-1 против Работнички во финалето

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј направија значаен чекор кон шампионската титула во...

Останато

Кадетките на Наковски Волеј ја освоија шампионската титула

Одбојкарките на Наковски Волеј ја освоија шампионската титула во женска кадетска конкуренција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!