Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто главен во Тетово, Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Вардар

Сподели
Сподели

Утрешната програмата од 22. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе понуди два меча, а за кои се познати судиите кои ќе ја делат правдата

Во Тетово се игра мечот меѓу Шкендија и Брера Струмица, а правдата ќе ја дели Фатмир Бафто, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески, а пак Марјан Стојановски ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Влатко Илиоски, а пак Борис Трајков ќе биде АВАР, оператор за повторување на снимка Диме Димовски.

Делегат на оваа средба ќе биде Васко Бошевски, а Љубе Ристевски ќе биде контролор.



Во Кратово ќе се игра дерби меѓу Силекс и Вардар, каде за правдата ќе биде задолжен Игор Стојчевски, а ќе му асистираат Дарко Видиниќ и Филип Ицковски, а пак Фуркан Идризи ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Мартин Петковски, а оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Мукоски.

Делегат на натпреварот во Кратово ќе биде Беким Шеји, а контролор Димитар Мечкаровски.

Двете средби стартуваат во 14 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!