Ракомет

Алкалоид обезбеди Ф4 со две победи во групата

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Екипата на Алкалоид, домаќин на групната фаза во Купот на Македонија, со две убедливи победи обезбеди место на завршниот Ф4-турнир. Во групата беа и Пролет, Радовиш и Македонија Ѓорче Петров, а „сино-белите“ покажаа моќна игра и доминација уште од стартот.

На стартот, Алкалоид го совлада Радовиш со 41-21. Тренерот Кирил Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а најдобар беше Стојковиќ со осум гола. По пет погодоци реализираа Дамјан Митев и Никола Костески, додека голманот Николовски забележа 11 одбрани. Кај Радовиш се истакна Томче Трајчевски со осум гола.

ФОТО: РК Алкалоид

Во другото полуфинале, Пролет рутински го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров со 37-29. Најефикасни беа Симоновски со седум и Дамчевски со пет гола, додека голманот Трајков собра 10 одбрани. Кај Македонија Ѓорче Петров, Чакалиќ и Тотиќ дадоа по шест гола.

Финалето на групата донесе уште поубедлив триумф за Алкалоид. Против Пролет, „сино-белите“ ја искористија брзата и препознатлива игра и на крајот славеа со 34-18. На паузата резултатот беше 15-12, но во второто полувреме Алкалоид влезе во серија и не дозволи ривалот да се врати во игра. Голманот Трајков имаше свои моменти, но напорите на Пролет не беа доволни за пресврт.

ФОТО: РК Алкалоид

Со овие резултати, Алкалоид ја потврди доминацијата во групата и обезбеди место на Ф4, придружувајќи се на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. Се чека уште последниот учесник од турнирот во Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го запиша и третиот триумф во новата сезона, откако на домашен терен...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако битолчанки стигнаа до петтата сезонска победа во низа. Во рамките на...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голема победа над Мулти Есенс

Еурофарм Пелистер 2 стигна до првите суперлигашки бодови оваа сезона, откако во...

Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен во Струга за втора суперлигашка победа

Еурофарм Пелистер стигна до вториот триумф во новата сезона од Супер лигата,...

Ракомет

Тиквеш со три гола негатива пред реваншот со Еш!

Тиквеш со пораз го започна европскиот двомеч со Еш во првото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!