Ракомет

Вардар обезбеди Ф4 во Купот, со две победи во групата

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, Вардар, направи голем чекор кон одбрана на титулата, откако со две победи во еден ден обезбеди пласман на завршниот турнир.

Прв предизвик беше дуелот со Бутел Скопје, кој Вардар го реши со 26-19. Иако првото полувреме беше тесно и гостите од Бутел храбро се бореа, сепак „црвено-црните“ во вториот дел рутински ја обезбедија победата. Кеита беше најефикасен со четири гола, а голманите Валах и Гогов комбинираа 14 одбрани. Кај Бутел Скопје, Киселовски се истакна со четири погодоци.

ФОТО: РК Вардар

Во финалниот дуел на групата, Вардарци играа со Еурофарм Пелистер 2, кој го победија со 27-22. По првите петнаесетина минути резултатот беше 9-5, но Пелистер 2 се приближи на 14-12 на паузата. Во завршницата, Вардар се одлепи со головите на Митровиќ, Анастасовски и Лазаревски, а голманите Еспиња и Гогов комбинираа 13 одбрани. Кај Пелистер 2, Славков даде девет гола.

Претходно, Еурофарм Пелистер 2 ја победи екипата на Мулти Есенс со 28-23, со Белистојаноски и Шулески како најдобри стрелци. На паузата тие водеа со 18-11, но и покрај обидите на противникот да се врати во игра, Пелистер 2 ја задржа контролата до крајот.

ФОТО: РК Вардар

Со овие резултати, Вардар ја потврди првата позиција во групата и обезбеди место на Ф4, откако, претходно и Еурофарм Пелистер се пласираше во Ф4.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ѝ ги расипа плановите на Шкендија – кратовци освоија бод, тетовци заостануваат зад лидерот Струга!

Шкендија пропушти можност да ја намали разликата во однос на лидерот Струга Трим Лум, откако одигра 1:1 против Силекс во последниот натпревар од...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал со проблеми пред дуелот со Кипар, Магдевски и Јакимовски се враќаат, Робев доби повик

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во пресрет на дуелот со Кипар, втор натпревар за избраниците на Жозеп Марија Берокал...

Поврзани написи
Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор...

Ракомет

Талески веднаш блесна: Седум гола на победничкото деби во Швајцарија!

Филип Талески со седум погодоци ја отвори својата нова ракометна приказна во...

Ракомет

Алкалоид со убедливи 32-23 против Горење – девет гола предност пред реваншот!

Ракометарите на Алкалоид направија голем чекор кон пласман во осминафиналето на ЕХФ...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!