Ракомет

Македонски ракометар меѓу евакуираните од Израел: Крстевски се врати во Скопје

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Првата група македонски државјани кои беа евакуирани од Израел безбедно пристигна во Скопје, откако претходно преку Египет беше организиран нивниот транспорт до Македонија.

Станува збор за шестмина македонски граѓани кои од Израел најпрво заминале по копнен пат кон Египет, а оттаму со авионски лет се упатиле кон Скопје. Меѓу нив беше и поранешниот македонски ракометен репрезентативец Горан Крстевски, кој неодамна настапуваше во израелскиот клуб Нес Зиона.

Крстевски во вториот дел од сезоната ја продолжи кариерата во Израел и имаше солиден настап во дресот на Нес Зиона, но актуелната безбедносна ситуација на Блискиот Исток доведе до прекин на неговиот престој таму.

На скопскиот аеродром евакуираните ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој посочи дека акцијата за нивно извлекување била сложена и реализирана во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.



Во Израел настапуваше и уште еден македонски ракометар, Христи Бикоски, кој во меѓувреме се вратил во Македонија со лет организиран од Србија.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!