Втора лигаФудбал

Берат Имери е нов тренер на Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По разделбата со досегашниот тренер Љупчо Марковски – Калц, Шкендија Арачиново веднаш го договори Берат Имери за нов тренер.

Клубот од Арачиново по неколку часа по разделбата со Калц го договори Имери за нов тренер.

46-годишниот тренер од Тетово последно работеше како шеф на стручниот штаб на некогашниот прволигаш Беса од Добри Дол, а низ неговата кариера ја водеше Воска Спорт каде направи голем успех откако охридскиот клуб успеа да го внесе од Втора во Прва лига како шампион, претходно го водеше младинскиот тим на Шкендија Арачиново, работеше и во Кораб од Дебар и некогашниот прволигаш Ренова од Џепчиште.

Шкендија Арачиново е втора со 39 бодови, има бод помалку лидерот Охрид, а дебито новиот тренер Берат Имери ќе го има в сабота против Големо Коњари во гости.

Целта на Шкендија Арачиново останува иста – влез во Првата македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството во Првата женска фудбалска лига, откако „црвено-црниот“ дрес го облекуваат Елма...

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров 2 и Спартак, откако двете екипи ремизираа играјќи 23:23. „Лавиците“ постојано...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!