Прва лигаФудбал

Судискиот извештај од натпреварот од ПМФЛ Шкендија – Пелистер: Сериозни безбедносни и сигурносни пропусти!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Пелистер, евидентирани се повеќе сериозни безбедносни инциденти. Фудбалерите на Шкендија го победија Пелистер со 2:1, но немилите настани против судиската четворка ја засенија победата.

Во текот на натпреварот се случија низа пропусти и фрлање со тврди предмети кон судиите, при што, според извештајот, меѓу предметите било фрлено и скалпел. Овие инциденти ја отвораат сериозната тема за безбедноста на службените лица на натпреварите и укажуваат на потребата од зголемени мерки за заштита на судиите и останатите официјални лица.

Соопштението од ФФМ:

Во 57. минута од натпреварот, при прекин на играта поради вршење измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор, при што четвртиот судија бил погоден со паричка и запалка во пределот на раката.
Натпреварот беше кратко прекинат и продолжен по проценка на главниот судија.

Во извештајот се наведува дека кон официјалните лица се фрлани опасни предмети. Гаѓани со скалпел, сериозна закана по безбедноста на службените лица и учесниците во натпреварот.

Се поставува прашањето, што доколку судијата бил погоден од скалпел? Чија би била одговорноста во тој случај?

По завршувањето на натпреварот, надворешно лице влегло на теренот за игра и упатувало закани кон главниот судија и асистентот. Во тие моменти, дел од публиката започнала повторно да фрла предмети кон теренот, по што судискиот тим, кој веќе се упатил кон соблекувалните, бил принуден да се врати назад на теренот од безбедносни причини.

По влегувањето во подтрибинскиот простор, истото лице кое претходно упатувало закани ги чекало судиите пред судиската соблекувална и повторно трчајќи кон нив упатувало закани. Главниот судија побарал од присутните службени претставници, лицето да биде отстрането.
Според наводите во извештајот, директорот на клубот, Цуцули, изјавил: „Оставете го, тој е син на газдата“.

Понатаму, во извештајот се наведува дека било побарано од делегатот на натпреварот настанот да биде евидентиран во записникот, по што лицето се упатило кон излезот со цел да не биде идентификувано.

Сите овие настани се службено констатирани и ќе бидат предмет на разгледување и постапување од страна на надлежните дисциплински органи согласно важечките прописи.

Фудбалската федерација на Македонија ќе постапува согласно важечите прописи и нема да има отстапување во однос тоа.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2....

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!