Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Војдан Стојановски испиша историја со 90. настап, Македонија со пресврт до победа во Баку

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, испиша историја на натпреварот против Азербејџан, забележувајќи го својот 90-ти настап во дресот на националниот тим. Со тоа се искачи на врвот на вечната листа, пред Тодор Гечевски, кој има 89 настапи.

Машката сениорска репрезентација на Македонија продолжува со победничкиот ритам во претквалификациите за Евробаскет 2029. Во еден неизвесен натпревар Македонија го совлада Азербејџан со 70:78.

На гостувањето во Баку, нашите кошаркари одиграа две сосема различни полувремиња. Во првите 20 минути дозволија домаќинот да се одлепи и до +18 поени разлика (25:43), регистрирана во 16. минута од натпреварот.

Сепак, во финишот на првото полувреме Македонија направи серија од 12-1 и успеа да ја намали негативата на подносливи 44:37 по првите 20 минути игра во „Палатата на спортовите“ во Баку. Кај домашните најрасположен беше натурализираниот Ван Бек со 15 поени во првото полувреме.

По паузата, сликата на теренот беше сосема поинаква. Нашите репрезентативци заиграа многу поагресивно во одбраната и поорганизирано во нападот. Во третата четвртина ја анулираа негативата, а во последните десет минути влегоа со минимална предност од 58:56.

Откако го презедоа водството, избраниците на селекторот не дозволија пресврт. Магдевски одлично го организираше нападот со седум асистенции, додека Јакимовски беше најчестиот реализатор, со поддршка од Ѓуроски и Мекиќ, кој ја погоди клучната тројка за конечни 70:78 и четврта победа по ред во претквалификациите.

Успехот добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека капитенот Стојановски поради повреда на задната ложа не настапи во второто полувреме – токму во периодот кога Македонија го направи пресвртот.

Јакимовски беше прв стрелец со 22 поени и осум скока. Ѓуроски додаде 10 поени. Магдевски постигна осум поени и подели седум асистенции, а по осум поени реализираа и Хап и Мекиќ. Во својот јубилеен 90-ти настап, Стојановски придонесе со седум поени. Лука Стојановски запиша шест, Петков пет, а Ташовски и Ефремовски по два поени.

Со оваа победа, Македонија ја задржува првата позиција во групата, која води во наредната фаза од квалификацискиот циклус.

ТАБЕЛА:

1.МАКЕДОНИЈА

2.Луксембург

3.Азербејџан

4.Ирска

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска почнува в понеделник

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Задоволен сум од двете контролни средби со Летонија

Репрезентацијата до 16 години продолжува со серијата контролни натпревари преку кои селекторот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Летонците славеа во вториот дуел против македонската репрезентација до 16 години

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!