ФудбалЧетврта лига

Бујковци слави над Маџари Солидарност, реми на лидерот Долно Коњари и Гоце Делчев!

Сподели
Сподели

Во Општинската фудбалска лига Гази Баба или Четврта лига по ранг на натпреварување беа одиграни натпревари од 7. коло.

Дељадровци со 2:0 славеше над екипата на Марино со погодоците на Ангеловски и Величковски.

Победа со резултат од 2:0 забележа и Бујковци над Маџари Солидарност, каде Аземи погоди во првиот дел, а пак Антевски во второто полувреме.

Ускуп на домашен терен запиша пораз од екипата на Петров со резултат од 1:3 во ме ч каде за домашниот тим единствец стрелец беше Дарлишта, а пак за гостинскиот тим погоди Јованов, а пак Емре Исмаил беше двоен стрелец.

Дербито на колото го одиграа лидерот Долно Коњари и второпласираниот Гоце Делчев, каде победник немаше, но имаше четири погодоци за конечни 2:2.

Во првиот дел мрежите мируваа, а во второто полувреме Качар постигна гол за 1:0, а пак Абдурахман за 2:0, а по што Смилески и Николовски погодија за конечни 2:2.

Натпревот меѓу Инџиково и Илинден не го дочека својот крај, откако првиот дел од мечот заврши со резултат од 1:1, Најдовски погоди за гостинот во 11. минута, а пак Трповски во 13. минута за 1:1.

Како што е заведено во официјалниот записник од натпреварот по завршувањето на првото полуреме, гостинскиот претставник побарал идентификација за домашниот фудбалер со број 6. Од домашната екипа претставникот потврдил дека играчот со број 6 не е исправен. Од таа причина натпреварот не продолжил. Гостинската екипа поради тоа не сакаше да го продолжи натпреварот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тодоровски: Ова е многу важен триумф за нас, успеавме да ја надиграме Брегалница

Вардар победнички ја отвори новата сезона во која ќе ја брани титулата,...

Втора лигаФудбал

Кожуф минимално го доби Новаци на пријателски меч, Ашовалиев стрелец на погодокот

Второлигашите Кожуф и Новаци одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со Зоран Андонов и Асан Рифадов

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!