Младински фудбалФудбал

Атрактивен гол со ножички на Џихан Ибраими – велемајсторки погодок на младиот фудбалер на Вардар!

Сподели
Сподели

Во рамки на 8. коло од Регионалната скопска лига 2010 (петлиња) Б 14-годишниот фудбалер Џихан Ибраими постигна атрактивен гол со ножички, велемајсторски погодок за кој долго ќе се зборува.

Во победата од 6:0 на Вардар на Куманово Милано, Ибраими беше двоен стрелец, а погодокот со ножички беше вистинско ремек дело на младиот и талентиран Ибраими, кој е роден 2010 година.

Погледнете го оваа ремек дело на младиот фудбалер, кој денес беше играч на натпреварот.

  • АТРАКТИВНИОТ ГОЛ СО НОЖИЧКИ НА ЏИХАН ИБРАИМИ:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Новаци и Детонит Плачковица се оддалечија од долната тројка, но ги чекаат две различни проверки

Новаци и Детонит Плачковица освоија по три бода во 11. коло и ја зголемија предноста пред екипите во зоната за испаѓање. Новаци ја...

Втора лигаФудбал

Работнички може да го прескокне Пелистер, а напролет ги пречекува двата ривала за врвот

Работнички по победата од 0:3 над Осогово е на еден бод од второто место во Втората македонска фудбалска лига. По 11. коло, Охрид...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!