Денес се одигра 17. коло на Втора лига, а дербито на колото меѓу Охрид и Шкендија Арачиново заврши без голови – 0:0. Со овој бод, охриѓани остануваат лидери на табелата, додека Шкендија ја задржа втората позиција.
Убедлива победа запиша Брегалница, која со 7:1 го совлада Вардар Неготино на домашен терен.
Коцев го отвори резултатот, а потоа погодија Мемеди и Георгиев. Во вториот дел погодија Талески и Тасев, а Иванов беше двоен стрелец. За гостинот погоди Младеновиќ.
Минимален триумф оствари Скопје, кој со голот на Душко Трајчевски во 77. минута ја победи Беласица со 1:0 во дерби кое се одигра во Автокоманда.
Возбудливо беше и на дуелот меѓу Плачковица и Тетекс. Гостите поведоа со 0:1 на стартот од вториот дел со гол на Али Хисар, домаќинот израмни преку Нијаз Јусуфи, а во финишот Филип Ѓорѓиевски донесе победа од 2:1.
Со минимални 0:1 славеше Осогово на гостувањето кај Преспа со голот на Филип Димоски, додека Новаци со 1:0 го доби Кожуф, благодарение на голот на Стефан Јовановски.
Домашен триумф од 2:0 забележа Каменица Саса против Победа. Стрелци беа Спенџарски и Николов.
Во дербито од дното, Големо Коњари и Слога Виница ремизираа 2:2, без победник во важната пресметка за опстанок. Гостинот поведе преку Ристов, а домаќинот во 45. минута израмни на 1:1 преку Стрезовски.
Во вториот дел Митрески погоди за пресврт и водство од 2:1, Михаил Воинов ги постави конечни 2:2.