ФудбалФутсал

Голема и тешка победа за лидерот Мал Ајакс, Победа ја доби Каршиака!

Сподели
Сподели

Лидерот во Втората футсал лига Мал Ајакс запиша тешка и важна победа од 4:3 над СЕЕ Университи од Тетово, во рамки на 5. коло во меч кој се одигра во Штип.

Домаќинот направи осетна разлика во првиот дел кога Дурмишов и Мамудов погодија за рано водство, а апк Фетаи погоди за 2:1. Во финишот на првиот дел Мамудов со втор гол погоди за 3:1 на полувреме. Во второто полувреме Зашков беше стрелец на гол за 4:1, а потоа гостинот од Тетово преку Фетахи и Османи ублажи на конечни 4:3.

Прилепска Победа на домашен терен дојде до победа од 6:4 над Каршиака, откако Паскоски погоди со еден гол, Спиркоски двапати и Крајоски со три гола  за прилепчани. За госитнот Нехан Емини постигна двата гола, Садики и Абдулаи по еден гол.

Колото ќе се комплетира утре со мечот меѓу Партизан Југ и Балкан во Брвеница, а пак извештајот од одиграните натпревари за кои веќе извести Спортска Мрежа е достапен овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!