Трета лигаФудбал

Стартува пролетниот дел во Трета лига – Југ: Борец го пречекува Росоман, Превалец гостува кај Млекар

Сподели
ФОТО: Превалец - Венец
Сподели

Започнува пролетната полусезона во Трета лига – Југ со натпреварите од 14. коло кои ќе се одиграа веќе утре.

Во рамки на првото пролетно коло лидерот Превалец ќе гостува кај Млекар, Дреново на домашен терен ќе игра со Пити Гули од Крушево, додека пак во Прилеп се игра мечот меѓу Ултрас и Младост од Кривогаштани.

Во Велес ќе се одигра дуелот меѓу некогашниот прволигаш Борец и поранешниот второлигаш Росоман, трите бодови од овој меч се капитални за велешани во битката за враќање во Втора лига. Екипата на Тополка на домашен терен ќе игра со Влазними, а пак Венец во Долни Дисан ќе го пречека тимот на Бучин.

Во рамки на првото пролетно коло слободна ќе биде екипата на Башкими од Јаболчиште.

Борба за првото место кое води кон баражот за влез во Втора лига ќе ја водат велешките екипи Превалец и Борец.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!