Ракомет

Моќна победа на шампионот: Еурофарм Пелистер со „плус 19“ го отвори плеј-офот против Тиквеш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Актуелниот првак Еурофарм Пелистер испрати јасна порака на стартот од плеј-офот во машката Суперлига, совладувајќи го на гости Тиквеш со убедливи 43-24 во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Домашниот тим беше рамноправен само во воведните десетина минути, кога резултатот гласеше 7-8. Потоа битолчани го засилија ритамот, особено преку брзите транзиции и контри, што се покажа како клучно оружје. До паузата шампионот веќе создаде солидна предност (21-14), најавувајќи дека второто полувреме ќе биде само формалност.

Во продолжението разликата постојано растеше. Одбраната на гостите функционираше дисциплинирано, а нападот немилосрдно ја полнеше мрежата на кавадарчани. По само шест минути игра во вториот дел, Пелистер стигна и до двоцифрена предност (16-26), која без проблем ја одржуваше до самиот крај за конечни „плус 19“.

Најефикасен кај победникот беше Дејан Манасков со шест погодоци, додека по пет реализации запишаа Хакбарт, Кузмановски и браќата Петар и Павле Атанасијевиќ. Кај Тиквеш, Богдан Мијушковиќ постигна шест гола, а Томче Стојановски додаде пет.

За битолчани ова беше уште една потврда на доминацијата во меѓусебните дуели, продолжувајќи ја успешната серија против Тиквеш во Суперлигата.



Во следното коло Пелистер го очекува дерби-пресметка против Вардар 1961 во Битола, додека Тиквеш повторно ќе игра на домашен терен против Бутел Скопје.

Пред продолжението на плеј-оф битките, суперлигашите ќе имаат кратка пауза поради обврските во Купот на Македонија.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Талески веднаш блесна: Седум гола на победничкото деби во Швајцарија!

Филип Талески со седум погодоци ја отвори својата нова ракометна приказна во Швајцарија. Македонскиот лев бек дебитираше за Сур Арау во домашната победа...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

Поврзани написи
Ракомет

Талески веднаш блесна: Седум гола на победничкото деби во Швајцарија!

Филип Талески со седум погодоци ја отвори својата нова ракометна приказна во...

Ракомет

Алкалоид со убедливи 32-23 против Горење – девет гола предност пред реваншот!

Ракометарите на Алкалоид направија голем чекор кон пласман во осминафиналето на ЕХФ...

Ракомет

Блажески со 15 одбрани го предводеше Охрид до осминафинале: „Овие два натпревари ги одигравме максимално!“

Охрид ја потврди својата европска амбиција и втора сезона по ред обезбеди...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!