Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Етан Хап: Тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упатства

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во изминатите два циклуси македонската кошаркарска репрезентација го имаше Џејкоб Вајли како „заштитник на рекетот“. Сега, за улогата на клучен играч под кошот, тимот ќе смета на Етан Хап, кој поради повреди не можеше да го продолжи континуитетот на добри настапи за Македонија.

Овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нова можност на Американецот, кој моментно настапува во шпанскиот АЦБ лигаш Бургос.

„Прекрасно е да се вратам и да бидам дел од репрезентацијата. Сеуште има некои од соиграчите од претходниот пат, па затоа сум среќен што сум заедно со тие момци. Новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене. Сметам дека имаме навистина добри таленти во тимот“, вели Хап пред натпреварот против Луксембург.

Нашиот противник, слично како Македонија, има запишано две стартни победи против Азербејџан и Ирска. Со долгогодишно искуство во најсилната шпанска лига и во Европа, Хап добро ги познава методите на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал.

„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. Досега имплементираше неколку добри стратегии за играта. Кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упатства. Сега е многу поважно да се подобриме, да се фокусираме на нашиот стил на игра и да дадеме 100% од себе“, заклучува Хап.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!