Трета лигаФудбал

Секулоски е во страшна форма – постигна четири гола против Славеј, Света Троица со висока и убедлива победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес се одигра големото соседско дерби во Мешеишта меѓу Славеј и Сатеска, дерби за кое се чекаше речиси 20 години, но наместо дерби екипата на Сатеска со 1:5 го декласираше тимот на Славеј, кој е новајлија во Трета лига – Југозапад.

И во самата најава која ја направи Спортска Мрежа истакна дека Никола Секулоски ќе биде најголемата опасност за домашниот тим, тоа се потврди откако Секулоски даде фантастични четири погодоци.

Ристо Целакоски си постигна автогол, а пак за домашниот тим Димитар Аќимовиќ беше стрелец на единствениот гол.

Кораби со 1:2 славеше победа на теренот во Логоварди над Евротип. Адеми Колоња постигна гол за 0:1, а на стартот од вториот дел Хабиб Клобушта постигна гол за 0:2. Домашниот тим успеа да се врати и намали на 1:2 преку Јанакиевски, но тоа беше се, па резултатот стана конечен.

Велешта со 3:1 славеше победа над ланскиот второлигаш Караорман од Струга, во меч каде Хани и Ќира погодија за 2:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Положани постигна гол за 3:0, а по една минута Клечкароски ги постави конечните 3:1.

Лидерот Преспа продолжува да нижи победи откакод денес запиша минимална, но голема победа од 0:1 над Кравари со гол во 85. минута на искусниот Никола Пластиновски.

Света Троица на домашен терен со 4:1 го декласираше тимот на Светлост од Кукуречани. Угриноски беше двоен стрелец за домашниот тим, кој до победа дојде преку пресврт, а по еден гол постигнаа Речкоски и Бимбилоски. За гостинот единствен стрелец беше Лазаревски.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа Влазними дома славеше со 1:0 над Демир Хисар, извештајот е достапен овде.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕСПА 9 7 1 1 20 5 +15 22
2 ФК КОРАБИ 9 7 0 2 22 15 +7 21
3 ФК САТЕСКА с.Волино 9 6 2 1 35 20 +15 20
4 ФК КРАВАРИ 9 4 2 3 24 10 +14 14
5 ФК ЕВРОТИП ОНЛАЈН 9 4 1 4 15 13 +2 13
6 ФК ВЛАЗНИМИ 9 4 1 4 17 17 0 13
7 ФК Велешта Унитед 9 4 1 4 26 35 -9 13
8 ФК КАРАОРМАН 2017 9 4 0 5 14 17 -3 12
9 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 9 2 4 3 15 16 -1 10
10 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 9 2 2 5 15 24 -9 8
11 ФК ДЕМИР ХИСАР 9 2 0 7 13 18 -5 6
12 ФК СВЕТЛОСТ 9 1 0 8 11 37 -26 3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!