Ракомет

Радовиш плеј-аутот го отвара против Прилеп, дерби за опстанок на Куманово и Струга

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Од овој викенд стартува плеј-аут сегментот каде ќе се разигрува за опстанок во ракометната Суперлига.

Тука една работа е речиси јасна и сигурна, а тоа е дека Радовиш кој без бодови го отвара овој сегмент е прв кандидат за испаѓање, а и со фактот што тимот не донесе значајни засилувања и реши да се потпира на млади ракометари кои немаат искуство, веќе се „предава“ во битката за опстанок.

Битката ќе биде за да се избегне претпоследното место кое води кон баражот за опстанок против второпласираниот тим од Прва лига.

Во плеј-аут сегментот ќе бидат Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Пролет, Куманово, Струга и Радовиш. Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп имаат квалитет и заслужуваат да бидат дел од плеј-офот, па така да лесно ќе се „прошетаат“ низ плеј-аутот.

Пролет ќе им дава шанса на младите ракометар и без проблем треба да биде сигурен во потврда на опстанокот. Фокус ќе биде на Струга и Куманово во трката за да се избегне претпоследното место.

Ждрепката посакува уште во првото коло на плеј-аутот да има дерби меѓу Куманово и Струга, Радовиш ќе го пречека фаворитот Прилеп, а пак Еурофарм Пелистер 2 ќе биде домаќин на Пролет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид славеше во преполната сала „Млаз“ во Богданци над Младост

Алкалоид продолжува со максимален ефект во Суперлигата. Тимот на Кирил Лазаров ја запиша четвртата победа во исто толку натпревари, откако на гостувањето во...

Ракомет

Струга со драматичен финиш до првата победа, Бутел падна во последната минута

Струга ја запиша првата победа во новата сезона од Супер машката лига, откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 26-24 во...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид славеше во преполната сала „Млаз“ во Богданци над Младост

Алкалоид продолжува со максимален ефект во Суперлигата. Тимот на Кирил Лазаров ја...

Ракомет

Струга со драматичен финиш до првата победа, Бутел падна во последната минута

Струга ја запиша првата победа во новата сезона од Супер машката лига,...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја совлада Србија, за трофејот во Охрид ќе „одлучува“ Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Србија со 20-19 во последниот натпревар...

Ракомет

Вечерва во Богданци гостува Алкалоид: Младост ќе има поддршка, салата „Млаз“ ќе биде полна

Вечерва во рамките на 4. коло на ракометната Супер лига во Богданци...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!