Кошарка

Баскет Кам ја потврди доминацијата и го освои четвртиот куп-трофеј

Сподели
ФОТО: Кошаркарската федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарките на Баскет Кам стигнаа до нов историски успех, откако во финалето од Купот на Македонија славеа над Крива Паланка со 74-68 и го подигнаа четвртиот трофеј во ова натпреварување.

На 34. издание од завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“, одигран во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, домаќинот уште од стартот покажа дека е решен да го одбрани домашниот терен. Со цврста одбрана и сигурен напад, Баскет Кам по првите десет минути имаше двоцифрена предност (17-7), поставувајќи го темпото кое го контролираше речиси во текот на сите 40 минути.

Во втората четвртина разликата дополнително порасна, па тимот од Македонска Каменица во еден момент водеше и со 21 поен разлика. Одличната шутерска вечер, особено од линијата за три поени, им донесе комотна предност на домаќинките, кои на полувреме заминаа со сигурни 42-27.

Сепак, Крива Паланка не се предаде. Во второто полувреме ривалот постепено ја намалуваше негативата, а на стартот од последната четвртина успеа да се доближи и на минус шест поени. Во тие моменти Баскет Кам остана и без Ивана Кметовска поради пет лични грешки, но капитенот Поп-Димитровска со важна тројка во финишот ја врати контролата и ја обезбеди победата.



Најефикасна во победничкиот состав беше македонската репрезентативка Ивана Кметовска со 24 поени (и значаен придонес во скокот), додека Димова и Поп-Димитровска постигнаа по 16 поени, а Адамовска додаде 12. Кај Крива Паланка се истакна Робинсон со 30 поени, поддржана од Ниехуес и Грин.

Со овој триумф, Баскет Кам ја освои четвртата куп-титула во последните шест сезони и уште еднаш потврди дека е еден од најдоминантните тимови во македонската женска кошарка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички по потврда на опстанокот во Гостивар

Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба...

Кошарка

Партизан слави 80 години: Илиевски и Михајловски дел од свеченоста во Белград

Синоќа, во салата на Арената во Белград, КК Партизан организираше свечена промоција...

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!