Ракомет

(ФОТО) Богданци дишеше во ритамот на ракометот: Исполнета сала со детска радост и енергија на ракометниот караван на РФМ

Сподели
Сподели

Ракометната федерација на Македонија успешно ја реализираше својата нова станица од Ракометниот караван, кој денеска се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци. Салата беше исполнета со насмевки, радост и позитивна енергија, а интересот беше поголем од очекуваното, со што овој караван се вбројува меѓу најмасовните досега.

Децата имаа можност преку три игри да ги направат своите први чекори во ракометот. Првата активност беше водење топка, потоа следуваше вртење околу половина терен, а третата – шут на гол, што предизвика најмногу возбуда и аплаузи. Преку овие активности, најмладите го почувствуваа спортот и се запознаа со неговите основи.

Настанот беше збогатен и со присуството на ракометните имиња Ристо Узунчев, Марија Гугуљанова и Лилјана Новоселска, кои со своето присуство им дадоа дополнителна мотивација на децата. Во рамки на караванот беа поделени и маички, што дополнително ја разубави атмосферата во салата „Млаз“.

Караванот, покрај Богданци, ги опфати и Дојран и Стојаково, обединувајќи ја младината од регионот околу ракометот како спорт и начин на живот.

Богданци уште еднаш потврди дека е еден од најракометните градови во Македонија. Во минатото РК Младост Богданци и ЖРК Млаз беа симбол на македонскиот и југословенскиот ракомет и препознатлив бренд во Европа.

Денес, РК Младост е непоразен лидер во Првата ракометна лига и чекори кон враќање во Суперлигата, а масовноста и ентузијазмот на најмладите даваат надеж дека и ЖРК Млаз повторно ќе се врати на ракометната мапа на Македонија.

Сликата од „Млаз“ беше јасна – ракометот во Богданци има иднина, а новите генерации веќе ја чувствуваат магијата на оваа игра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска го предаде четвртфиналето во Парма поради повреда

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација в...

Поврзани написи
Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!