ФудбалФутсал

Кратово слави победа со 15 гола, ССК до лото победа, Кораби го доби дербито со Овче Поле!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Кратово се израдува на првата сезонска победа во Втората футсал лига, откако во мечот од 5. коло со 15:4 го декласираше ланскиот прволигаш кој сега е закован на дното од табелата.

Тотална доминација на Кратово со победа која беше најавена уште во првиот дел кога резултатот беше 7:2. Стојановски постигна четири гола за Кратоов, по два гола постигнаа Давитков и Тоневски, а пак по еден гол постигнаа Јакимов, Стојчевски, Ефремов, Ивановски, Атанасов и Арсовски, а пак Саити од екипата на Карадаку си постигна автогол.

За поразениот тим трипати погоди Шукрија, а еднаш стрелаше Реџепи.

ССК Скопје однесе лото победа од 7:0 над струшки Енхалон, во меч кој се одигра во салата на ОУ „Круме Ќепески“ во Скопје три погодоци паднаа во првиот дел, а четири во второто полувреме.

Димковски и Здравески беа стрелци на по два гола, а по еден гол постигнаа Стевковски, Бислим и Сулејман.

Неизвесен меч се одигра во Дебар каде во дербито на колото Кораби со 4:2 славеше над ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе.

Сите погодоци паднаа во првиот дел од мечот, а во второто полувреме мрежите мируваа и на двете страни.

Бојковски и Султанов постигнаа погоди за водство на Овче Поле од 0:2. Додека пак домашниот тим преку двата гола на Октај Беќири и погодоците на Ујкан Муча и Дарко Блажевски дојде до 4:2 на полувреме, а во вториот дел тој резултат беше потврден.

Денес Победа дома игра против Каршиака, Мал Ајакс против СЕЕ Университи во Штип, а колото се затвара утре со мечот меѓу Партизан Југ и Балкан кој се игра во Брвеница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!