Ракомет

Ристовски: На клубовите кои си даваа автоголови ќе им се одземе лиценцата за спорт!

Сподели
Сподели

Голем скандал се случи во женскиот ракометен Куп на Македонија откако на мечот меѓу Скопје и Гевгелија ракометарките си постигнува автоголови, но и свесно не постигнуваа голови против противникот со цел да не извојуваат победа и да обезбедат понатамошен пласман, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Министерот за спорт Борко Ристовски беше гостин во дневникот на Сител телевизија од каде истакна дека на двата клуба ќе им се одземе лиценцата.

„Ги погледнав тие видеа и она што можам да го кажам дека веќе во понеделник ќе биде на двата клуб коишто тоа го направија ќе биде одземена дејност спорт и не ќе можат веќе да се натпреваруваат во македонскиот шампионат, нормално во женската конкуренција. Ќе направиме еден итен состанок со Ракометната федерација на Македонија да ваков тип на немили или да кажам грубо кршење на спортските правила на игра еднаш засекогаш го ставиме под контрола и како што кажав веќе во понеделник ќе им биде одзема дејноста спорт“, рече министерот Ристовски.

(ВИДЕО) СКАНДАЛ во женскиот Куп на Македонија: Ракометарките си постигнуваат автоголови за да не победат!

Ова е можеби и најголемиот скандал кој се случил во македонскиот ракомет, а за вакво нешто повеќе од јасно е дека ќе треба да има и санкционирање за што веќе најави и министерот Ристовски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!