РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од Прва МФЛ, како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година.

Пред присутните се обрати и шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој испрати јасна и мотивирачка порака до македонските судии.

„Потребни ни се квалитетни судии од секаде, вклучително и од Македонија. Потребни ни се врвни судии, потребен ни е квалитет. Отфрлете ги негативните мисли и дајте го вашиот максимум. Со нетрпение очекуваме да видиме судии од овие простори во нашите најголеми натпреварувања, во Лигата на шампионите, на Европските првенства и насекаде на меѓународната сцена. Сè зависи од вас“, порача Росети.

ФОТО: ФФМ

Тој упати благодарност и до раководството на ФФМ за континуираната поддршка кон судиската организација, потенцирајќи дека без силна поддршка од националните асоцијации не може да постои квалитетно судење. Росети ја истакна и важноста на инвестициите во услови за работа, организација и технологија, вклучително и во унапредувањето на ВАР системот.



Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во своето обраќање истакна дека федерацијата го исполнува ветувањето дадено пред една година, максимално да инвестира во судењето, во знаењето и едукацијата на судиите.

„Судиите се најважниот дел од судиската организација. Вашето однесување и вашите одлуки можат да го направат првенството многу полесно. Ние како федерација го правиме нашето, инвестираме во вашата едукација и развој. Од вас бараме да учите, да слушате совети од поискусните, да судите чесно и со минимум грешки. Убеден сум дека можете уште подобро. И покрај тоа, морам да кажам дека сме задоволни од начинот на кој судите и се однесувате“, истакна Омерагиќ.

ФОТО: ФФМ

Семинарот беше фокусиран на напредна стручна анализа на ситуации од натпревари, унифицирање на критериумите, физичка подготвеност, како и употреба на современа технологија во судењето. Повеќе од 70 судии и асистенти судии активно учествуваа во работните сесии, со цел дополнително унапредување на квалитетот на судењето во Прва МФЛ и создавање кадар подготвен за највисоки предизвици.

ФОТО: ФФМ

Со доделувањето на ФИФА амблемите, македонските интернационални судии официјално го добија признанието за нивниот квалитет и одговорност да ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. ФФМ продолжува со силна поддршка и инвестиции во судиската структура, во насока на континуиран напредок, професионалност и присуство на македонски судии во елитните европски натпреварувања.

ФОТО: ФФМ



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор на кадетската репрезентација, Горан Кузманоски, се наметнува како водечка екипа во...

Ракомет

Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа, Алкалоид со предност пред реваншот – познати се дел од патниците во осминафиналето!

Третото коло од ЕХФ Европскиот Куп донесе нови возбудувања и неколку убедливи изданија на екипите кои се борат за место во осминафиналната фаза....

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за младите таеквондисти на ТК Корио на меѓународниот турнир во Малта

Младите таеквондисти на македонскиот клуб Корио остварија одличен меѓународен успех на Е2...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Без поголеми промени, Шапе го објави списокот на одбојкари до 20 години за квалификациите за Евро 2027

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација до 20 години, Јован Шапе, го објави...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Георгиевски го објави списокот на фудбалери до 15 години за двата дуели со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 – ракометарките пред европскиот предизвик ќе тестираат со Финска, Италија и Турција!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!