Кошарка

„Соколите“ амбициозно „летаат“ кон Суперлигата – Даниел Нацевски нов адут во Штип

Сподели
ФОТО: КК Соколи
Сподели

Штипските „соколи“ сериозно го засилуваат ростерот во клучниот дел од сезоната. Во борбата за пласман во Суперлигата, редовите на КК Соколи ги засили Даниел Нацевски, кој пристигнува од составот на суперлигашот Маџари.

Станува збор за кошаркар висок 195 сантиметри, кој покрива бековски позиции, односно може да одговори на улогите „два“ и „три“. Од клубот истакнуваат дека Нацевски се одликува со сигурен шут од дистанца, добра атлетичност и цврста скок-игра, квалитети кои треба да донесат дополнителна широчина и разновидност во нападот на штипскиот тим.

Засилувањето доаѓа во момент кога Соколи веќе го започнаа плеј-офот во Првата лига со убедлива победа на гостувањето кај КК Охрид (55-75), со што најавија дека сериозно атакуваат на место во елитата.

Во следното коло штипјани ги очекува дерби-пресметка против КК Мега Баскет на домашен терен, натпревар на кој се очекува и дебито на Нацевски во новиот дрес.



Борбата за врвот е исклучително неизвесна. Дури шест екипи – Струмица, Соколи, Бутел, Мега Баскет, Вардар и Борец – имаат по 11 бодови, додека Водно Санс и Охрид се со по девет, што најавува драматична завршница во трката за Суперлигата.

Со новата аквизиција, Соколи јасно испраќаат порака дека немаат намера да се задоволат со споредна улога, туку дека максимално ќе атакуваат на влез меѓу најдобрите.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка...

Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!