Втора лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

ФФМ со нова инвестиција од 20.000 столчиња за стадионите низ Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането е преземање на сликата без претходна писмена согласност
Сподели

Фудбалската инфраструктура во земјава ќе добие ново освежување откако Фудбалска федерација на Македонија најави конкретна поддршка за домашните клубови преку подобрување на условите на стадионите.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа.

Овој проект има за цел да ги унапреди условите за гледачите и да придонесе кон поквалитетно спортско доживување на натпреварите. Монтажата на столчињата ќе биде обврска на клубовите, кои во координација со локалните самоуправи ќе треба да обезбедат соодветна инсталација.

Со вакви чекори, федерацијата продолжува со инвестиции во основната инфраструктура, испраќајќи порака дека покрај резултатите на теренот, важни се и условите во кои се игра и следи фудбалот во Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер втор фаворит за европскиот трофеј!

Еурофарм Пелистер доби високо признание од Европската ракометна федерација пред стартот на новата сезона во Европската лига. Македонскиот вицешампион се најде на второто...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија со домашен меч против Јужна Африка го отвора новиот Дејвис куп циклус

Македонската Дејвис куп репрезентација новата сезона ќе ја започне со натпревар на домашен терен против селекцијата на Јужна Африка во рамки на Светската...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!