Втора лигаФудбал

Беласица ги промовираше Мите Цикарски и Мартин Шаренкоски

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица претстави уште две нови засилувања за пролетната полусезона. Нови имиња во таборот на струмичани се Мите Цикарски и Мартин Шаренкоски.

Цикарски доаѓа од Вардар. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива крилните позиции и носи големо искуство. Во својата кариера настапуваше за Македонија ЃП, Работнички и Брера Струмица, а беше дел и од У-19 тимот на Партизан (Србија).

Меѓународна кариера градеше настапувајќи во Грција за Етникос и ПАС Јанина, во Романија за Газ Метан, како и во Бугарија за Ботев Пловдив.

Мартин Шаренкоски има 19 години, игра на позицијата среден играч за врска и доаѓа од радовишки Детонит Плачковица, а потекнува од школата на Брера Струмица.



Струмичани пролетниот дел од сезоната го отвораат на домашен терен против Охрид.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!