Ракомет

Ракометот е гордост на Охрид – силна финансиска поддршка од општината!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Општина Охрид е пример за конкретна и силна поддршка за спортските клубови со финансиска средства од буџетот на општината за 2026 година.

Ракометот е гордост на Охрид, а општината силна дава поддршка на одличните резултати.

ГРК Охрид доби финансиска поддршка од општината во висина од 30.000.000,00 денари, додека пак одвоени се 595.000,00 денари за 5. Меѓународен турнир Крсте Андоновски од ГРК Охрид.

Општина Охрид одвои финансиски средства во висина од 70.000,00 денари за Петка за ракомет – РК Седмерец Охрид, а пак 85.000,00 денари за РШ Седмерец – Играме заедно, растеме заедно, се смееме заедно.



Финансиска поддршка од 70.000,00 денари има и за 5-ка за ракомет – РК Вардар Седмерец Охрид.

Ова е потврда за одличната и големата поддршка која општина Охрид ја има кон ракометот, а проектот на ГРК Охрид дава одлични резултати.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино...

Поврзани написи
Ракомет

Текстилец максимален по три кола, Радовиш до бод против Пролет, Вардар Неготино го „тресна“ Сокол Саса со 50 гола

Текстилец од Штип продолжува со максимален ефект во новата сезона во Првата...

Ракомет

Еурофарм Пелистер втор фаворит за европскиот трофеј!

Еурофарм Пелистер доби високо признание од Европската ракометна федерација пред стартот на...

Ракомет

Мате пред дербито со Вардар: „Очекувам тежок меч, но одиме по два бода!“

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик во Супер лигата, а во...

Ракомет

Вардар и Охрид повторно еден против друг, билетите веќе во продажба!

Нов голем ракометен дуел е закажан во Супер лигата, каде што Вардар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!