Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Мажите во Струмица, дамите во Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија.

Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат базата на машката А селекција, која и минатата година на оваа локација го имаше настапот во ова континентално натпреварување.

Според веќе дефинираниот распоред Македонија турнирот го отвора против Холандија на 5 јуни, ден подоцна е слободна, додека на 7 јуни ќе се соочи со Луксембург.

Женската сениорска репрезентација, пак, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде организатор на еден од турнирите од третиот викенд, од 19 до 21 јуни, во Европската лига, кога ќе ги измери силите со Хрватска и Словенија. Турнирот го стартуваме со Хрватска на 19 јуни, во второто коло сме слободни, додека Словенија е противникот со кој играме на 21 јуни.

Од оваа година Европската лига добива и ново значење и нова тежина за сите нејзини учесници, односно ја превзема улогата на квалификациски циклус за Европското првенство 2028 година.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Давид Масевски направи чекор кон Словачка: 21-годишниот кумановец потпиша за Тренчин

Младиот кумановски фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера и потпиша договор со Тренчин од Словачка. 21-годишниот фудбалер, кој игра на...

Прва лигаФудбал

Муарем Муарем одново на тренерското столче на Башкими

Откако се раздели со Скопје, Муарем Муарем експресно пронајде нов клуб, се врати во Куманово каде ќе го води Башкими. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Словенија – Македонија: Време е за реакција и прв гол во ерата на Седлоски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана го...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Информација за македонските навивачи во Љубљана: Еве од каде се тргнува кон „Стожице“

Македонските навивачи кои денеска ќе бидат во Љубљана ќе имаат организиран превоз...

Останати репрезентацииРепрезентација

Даниел Димевски ги пречека македонските кикбоксери по големиот успех во Италија

Македонската кикбокс репрезентација оствари одличен резултат на ВАКО Светското јуниорско првенство во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските У15 борачи подготвени за Балканското првенство во Хрватска

Македонската репрезентација во борење до 15 години е подготвена за настап на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!