РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Реми на репрезентацијата на Македонија до 16 години против Малта во тешки услови за игра

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија до 16 години одигра без голови, 0:0 на вториот контролен натпревар против врсниците на Малта. На воведниот меѓусебен дуел, нашите надежи славеа со убедливи 5:0. Нашите млади фудбалери повторно имаа иницијатива и создадоа повеќе зрели можности за погодок, но на крајот тоа не беше доволно за втора гостинска победа.

Емини уште во 6. минута се закани, а во 24. минута имаше стопроцентна шанса, но ударот од непосредна близина заврши над голот. Се обидоа и Раифи и Велески, кои упатија сериозни удари, но противничкиот голман интервенираше успешно.

Во вториот дел Крстевски имаше одлична прилика во 70. минута, но неговиот удар беше одбранет, додека во 85. минута топката заврши над голот.

Натпреварот се одигра во многу тешки услови, со силен ветер кој значително влијаеше врз текот на играта и организацијата на нападите.

Македонија до 16 години: Димитар Петров, Матеј Бочески, Филип Ѓорѓиоски, Амар Акики, Александар Полимац, Ефе Раифи, Боби Недановски, Адријан Велески, Џихан Ибраими, Медин Емини, Благојче Седлоски;

Илан Мемети, Митко Стојанов, Михајло Павлов, Дардан Адеми, Матеј Николов, Далибор Марковиќ, Марин Крстевски, Ејсер Фетаи, Илија Аксентиев, Огнен Сивевски;

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентацијата до 16 години поразена од Узбекистан

Македонската репрезентација која е дел од развојниот турнир на УЕФА за играчи...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Турнирот е одлична шанса за развој на младите играчи, градиме тим за иднина

Струмица е домаќин на развоен турнир организиран под покровителство на УЕФА, на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 подобра од Северна Ирска по пенали на УЕФА турнирот во Струмица

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со победа го отвори настапот на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство

Женската фудбалска репрезентација го продолжи настапот во квалификациите за пласман на Светското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!