КупФудбалФутсал

Бутел пресилен, пенали го решија победникот во Кавадарци, „луд“ меч меѓу Балкан и Каршиака

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Прволигашот Бутел лесно се пласираше во четвртфиналето од Футсал Купот на Македонија откако со 7:2 славеше над второлигашот ССК.

Во листата на стрелци за домашниот тим се запишаа Никола Илијоски, Андреј Јаневски, Давид Манџуковски, Филип Јаневски, Иван Крстевски и Владимир Трендафиловиќ.

За гостинот во првиот дел погоди Борјан Цветановски, кој си постигна и автогол, а во вториот дел стрелаше Несим Сулејман.

Возбудлив меч одиграа прволигашот Балкан и второлигашот Каршиака, кој заврши со триумф од 5:4 за тимот на Балкан. Со два брзи гола искусниот Таулант Исмаили обезбеди предност од два погодоци, а во 15. минута Ерол Далип си постигна автогол за 2:1, но до крајот на првиот дел Пајтим Реџепи погоди за 3:1 на полувреме.

Во второто полувреме Шенол Идризовски намали на 3:2 и се врати неизвесноста. Ерол Далип во 28. минута зголеми на 4:2, но со два брзи гола на Фуркан Ќани и Бујамин Асани второлигашот дојде до 4:4 и тоа беше вистинска „лудница“ во самиот завршен момент од мечот. Сепак во 38. минута Ерол Далип со второ гол ги постави конечните 5:4 и четвртфинале за Балкан.



Градското дерби во Кавадарци меѓу Црна Река и Клими се решаваше во пенал серијата, откако двете екипи одиграа 1:1. Пане Гогов во 14. минута погоди за 0:1 и водство на прволигашот на полувреме.

Во вториот дел се редеа шансите, но немаше завршница каква што посакуваа и двете екипи, откако во 39. минута во самиот финиш од мечот Ѓорѓи Стрезовски погоди за 1:1 и мечот мораше да се решава во пенал рулетот.

Во пенал серијата за Црна Река не реализираа Стојан Петковски и Блаже Дамјаноски, а пак реализираа Лазар Мицев, Петар Ристовски и Ѓорги Стрезовски.



За Клими од пенал серијата успешно погодија Давид Крстески, Марјан Манев, Филип Грујоски и Александар Јолдашев, а пак не реализираше Андреј Коцевски.

Претходно, во четвртфиналето се чекираа бранителот на Куп титулата Форца, Проект, Кеги Моби и Јувентус Серава.

Утре во Крива Паланка се игра последниот натпревар од осминафиналето од Купот на Македонија меѓу Осогово и Железарец, победникот ќе биде последниот патник во четвртфиналето.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Еврогол и хет-трик на 15-годишната Лана Спасовска – голманката на Кочани немоќна!

Екипата на Речица со убедливи 5:1 го совлада Кочани во рамките на 7. коло од Првата женска фудбалска лига и стигна до првата...

КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција. Спортска Мрежа претходно ги објави двојките, но и судиите кои ќе...

Поврзани написи
КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција....

Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3,...

КупФудбал

КУП: Дарко Стојанов ќе го суди дербито меѓу Каменица Саса и Скопје, Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и Пелистер

Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!