Втора лигаФудбал

Тетекс ги промовираше новите засилување – целта е опстанок во Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс
Сподели

Второлигашот Тетекс за пролетниот дел се засили со осум ново играчи, со кои го подига квалитетот во сопствените редови за остварување на целта во пролетниот дел – опстанок во Втора лига.

„Штофарите“ имаа интензивни и успешни подготовки, од управата на клубот и стручниот се задоволни од досегашната работа, како и од одиграните пријателски натпревари, со кои се доби јасна слика за тимот.

Нови има во тимот се Амар Хаџибулиќ, Или Зибери, Максим Цониќ, Александар Анастасијески, Хисар Али, Едис Бајрами, Мартин Јованоски и Матеј Јордановски.

Хаџибулуќ е 19 годишник кој доаѓа од Кожуф, а беше дел и од Работнички од каде и ја започна кариерата. Зибери, пак има 20 години и во Тетекс доаѓа од Вардар, а тој всушност е повратник во редовите на „штофарите“, во минатото настапуваше и за Вардар Форино, како и за младинските категории на Шкендија.

Цониќ во Тетекс дојде од Беласица, 19-годишникот беше дел и од Силекс, Работнички и Вардар од каде и ја започна кариерата. 18-годишниот Али во минатото беше дел од Шкендија, Беса од Добри Дол, а настапуваше и за Фероникели од Косово.



Бајрами е 18-годишен фудбалер кој во Тетекс дојде од младинските категории на Шкендија, Јованоски пак има 19 години доаѓа од младинските категории на Работнички.

Од клубот си заминаа Ментор Салији, Аљтрим Јакупи, Даниел Николовски, Мухамед Амити, Даут Даути, Лука Гавроски и Генц Гаши.

Од клубот им се заблагодарија на соработката на играчите кои кариерата ја продолжуваат во нова средина, а пак на новите играчи им посакаа добредојде и многу успех во дресот на Тетекс.

Пролетниот дел Тетекс го отвара на домашен терен против Вардар Неготино на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!