ИнтернационалциФудбал

Четврто издание на Меѓународниот голмански камп „Пријателство“ – Крупањ 2026 – пријавувањето е во тек!

Сподели
Сподели

По едногодишна пауза, повторно се враќа Меѓународниот летен голмански камп „Пријателство“, кој оваа година ќе се одржи по четврти пат и веќе важи за еден од најреномираните специјализирани кампови за голмани во регионот.

Летното издание за 2026 година ќе се реализира од 19 до 25 јуни во Крупањ, Србија, во современ тренинг-центар кој располага со фудбалски терени, базен, теретана и сопствен ресторан. Условите овозможуваат комплетна спортска подготовка, одмор и професионална грижа за сите учесници.

Кампот зад себе има три успешно реализирани години со повеќе од 120 учесници од различни држави. Организаторите континуирано работат на развој на младите чувари на мрежата преку систем кој опфаќа и летен и зимски камп – летниот традиционално се одржува во Србија, а зимскиот во Македонија, со што младите голмани имаат можност за целогодишен напредок.

Кампот е наменет за голмани на возраст од 6 до 18 години, а право на учество имаат и машки и женски голмани. Пријавувањето е веќе во тек, а интересот од година во година расте.

Во текот на престојот, учесниците ќе имаат два тренинга дневно, едукативни сесии, практична работа со современи методи, како и тимски активности и дружење. Обезбеден е 24-часовен лекарски надзор, а кампот ќе биде и медиумски покриен, што претставува дополнителна мотивација и можност за промоција на талентите.



Секој учесник ќе добие опрема, предвидени се награди, а програмата е насочена кон унапредување на техничките и тактичките вештини, но и кон градење дисциплина, спортски вредности и пријателства.

Тренерскиот тим го сочинуваат Милан Бурсач, Дарко Денков и Жељко Радошевиќ – искусни голмански стручњаци кои ќе работат директно со децата во текот на целата недела.

Кампот „Пријателство“ не е само тренинг-платформа, туку место каде се создаваат карактери и се гради љубовта кон фудбалот. За дополнителни информации и пријавување, организаторите се достапни на телефон 076/210-262.

Крупањ повторно ќе биде дом на новата генерација голмански таленти.

Спортска Мрежа по првпат годинава медиумски ќе го поддржи Меѓународниот летен голмански камп „Пријателство“.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!