Прва лигаФудбал

Џеков: Одиме во Струга да се надигруваме, се надевам во Кратово ќе се вратиме со бодови

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс денес покрај Охридското Езеро ќе се соочи со Струга Трим Лум, каде и двете екипи ќе целат кон прва победа во пролетниот дел, откако Силекс ремизираше со Башкими, а пак Струга загуби на дербито во Тетово со Шкендија.

За тимот од Кратово овој меч е последна шанса за да фати приклучок кон првите три места, а токму и дефанзивецот Ѓорге Џеков вели дека се надеваат дека во Кратово ќе се вратат со бодови.

„Одиме во Струга да се надигруваме, имаме добри играчи и мотивацијата е на високо ниво. Во првото коло не успеавме да запишеме триумф и покрај добрата игра. Бевме подобри од противникот, имавме доста шанси, но едноставно топката не сакаше во голот. Направивме и некои грешки кои ќе ги исправиме пред мечот со Струга ТЛ. Нема да не залаже фактот што противникот во првото коло загуби, затоа што мислам дека е една од подобрите тимови во Првата лига и ќе биде еден добар натпревар, вистинска битка за првите три места. Се надеваме дека ќе се вратиме со бодовите во Кратово“, рече Ѓорге Џеков, дефанзивецот на Силекс.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!