Прва лигаФудбал

Пелистер го „декласираше“ Работнички, реми со по еден гол во Струмица

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Пелистер со убедлива победа ја стартуваше пролетнта полусезоната во ПМФЛ, совладувајќи го Работнички со 4-1 на „Петар Милошевски“, додека во Струмица Брера и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите играјќи 1-1 во рамките на 17. коло.

Во Битола, централна фигура беше Лука Булатовиќ. Србинот го отвори резултатот во 16. минута по асистенција од Марјан Ристовски, а во 34. минута со малку среќа зголеми на 2-0. Работнички се врати во игра преку Бесир Демири од пенал, но веднаш по паузата Булатовиќ со ефектен волеј по додавање од Милан Србијанац го комплетираше хет-трикот и практично го реши победникот. Во финишот, и покрај тоа што Пелистер остана со играч помалку, Вилдан Керим ги постави конечните 4-1. Битолчани сега имаат 19 бода и се деветти, додека Работнички со седум е претпоследен.

Во Струмица, Брера поведе преку Леонардо Петровиќ во 20. минута, но „лавовите“ возвратија пред одморот. Христијан Пецов не реализираше пенал, сепак по одбиената топка успеа да израмни на 1-1.


Второто полувреме донесе иницијатива на гостите, неколку спорни ситуации и црвен картон за Марио Ричков во 69. минута. До крајот немаше промена на резултатот, па Брера остана осма со 20 бодови, а Македонија ЃП десетта со 16.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!