Ракомет

ФОТО: Шампионот Еурофарм Пелистер како на тренинг против „фенерџијата“ Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно во пролетниот дел од Суперлигата, откако на гостувањето кај Радовиш забележа убедлива победа од 17:42 во рамки на 20. коло. Тимот на Стевче Алушовски одигра колку што беше потребно во првиот дел, а потоа во продолжението целосно го „скрши“ отпорот на домаќинот.

Радовиш парираше во воведните минути и одржуваше негатива од неколку гола, но квалитетот на битолчани постепено дојде до израз. На паузата резултатот беше 11:16, а клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме кога „зелено-белите“ направија серија од осум погодоци по ред и ја одведоа средбата во еднонасочна улица.

До крајот, Еурофарм Пелистер ја демонстрираше својата моќ во транзиција и со цврста одбрана дозволи само шест гола во вторите 30 минути. Филип Кузмановски беше перфектен со девет реализации, Атанасијевиќ и Хекбарт додадоа по седум, а голманот Брестовац имаше значаен придонес меѓу стативите. Кај домаќините, Јанковски постигна четири гола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со новите бодови, Еурофарм Пелистер се врати на второто место со 34 бода, зад Вардар, а пред Охрид. Радовиш останува на дното без освоен бод и веќе е јасно дека клубот пролетва настапува со подмладен состав и без посериозни засилувања. Со оглед на состојбата, тимот практично е со „спакувани куфери“ за преселба во Првата лига.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Пелистер го пречекува Прилеп, додека Радовиш повторно ќе биде домаќин, овојпат на Еурофарм Пелистер 2.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!