Ракомет

Струга не се предаде во Скопје: Бод со вкус на победа во драмата со Пролет

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во возбудлив натпревар од 20. коло во ракометната Суперлига, Пролет и Струга одиграа нерешено 28-28 во салата „Македонско Сонце“, во меч кој понуди пресврти, црвен картон и драматична завршница во која гостите имаа и напад за цел плен.

Стружани храбро го отворија дуелот и поведоа со 4-2 и 5-3, одржувајќи резултатска неизвесност до средината на првиот дел. Сепак, домаќините фатија ритам и со серија голови стигнаа до 10-7, а на паузата заминаа со солидни 18-14.

Ништо не беше решено. Гостите силно тргнаа во второто полувреме и за кратко време намалија, а потоа и израмнија на 19-19. И покрај директниот црвен картон за Дарио Симоновски во 39. минута, Струга не се распадна. Пролет повторно се одлепи на „плус четири“ (24-20), но борбените стружани се вратија и во финишот преку Мечкароски израмнија на 28-28.

Во последните секунди гостите добија шанса и за победа, но ударот на Мајдоуб заврши над голот.

Давор Палески блесна со 11 погодоци кај Пролет, додека Наум Костов постигна 10 за Струга.

Со овој бод, Струга се одлепи на седум бодови од „фенерџијата“ Радовиш, се израмни со Куманово на делба на десеттото место и сериозно најави битка за директен опстанок во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!