Прва лигаФудбал

Бојку: Ги знаеме квалитетите на Шкендија, но верувам дека можеме до победа!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум со дербито во Тетово денес го отвара пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.

Играчот за врска на стружани, Бесмир Бојку вели дека имале одлични услови за работа во Анталија и дека поминале низ успешни подготовки. Како што додава во изјавата за ФФМ, ќе да дадат сè од себе за позитивен резултат против Шкендија.

„Верувам дека имавме квалитетни подготовки во Анталија. Имавме одлични услови, одигравме неколку натпревари против многу силни противници и мислам дека сме подготвени за пролетниот дел од сезоната. Нѐ очекува дерби натпревар, играме против еден од најдобрите тимови во земјата. Ги знаеме квалитетите на Шкендија, но верувам дека ние, како Струга Трим Лум, сме подготвени да дадеме сè од себе за да оствариме успех на овој натпревар. Дерби натпреварите секогаш се непредвидливи, може да одлучи еден момент за време на натпреварот. Ние одиме во Тетово без психолошки притисок, ќе играме свој фудбал, а на крајот нека победи најдобриот“, вели Бојку.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!