Прва лигаФудбал

Беќири: Верувам дека Шкендија е подготвена да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари

Сподели
Сподели

Зимската пауза во Првата македонска фудбалска лига заврши, од денес започна пролетниот дел со натпреварите од 17. коло.

Првата пролетна рунда веднаш носи дерби во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, натпревар со голем влог за трите бодови на два директни конкуренти за титулата.

Тренерот на актуелниот шампион Шкендија, Јетон Беќири во изјава за ФФМ, вели дека екипата е подготвена за предизвиците за пролетниот дел.

„Подготовките ги оценувам позитивно. Единствено времето во Анталија беше лошо во текот на целиот престој, но тоа беше пречка за сите тимови кои се подготвуваа таму. Важно е што ги одигравме сите четири предвидени пријателски натпревари. Нашата цел беше да им дадеме минути на сите играчи и да нема повреди. Задоволен сум од напредокот на тимот, мислам дека сме во добра форма и се надевам дека првенството ќе го почнеме добро. „Тимот е подготвен. Немаше многу промени во екипата. Верувам дека тимот е комплетен и подготвен да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари. Секој натпревар за нас во пролетниот дел е важен, и верувам дека добро ќе одговориме на секој предизвик“, изјави Беќири.

Тренерот на Шкендија зборуваше и за првиот меч кој го игра Шкендија денес против Струга Трим Лум.

„Одиграа квалитетно во есенскиот дел, и беа ми се чини најдобрата екипа до квалитет. За нас е некој нов почеток, ќе дадеме се од себе да се радуваме пред нашите симпатизери. Секако дека ги анализиравме, играат добро, некои играчи играат заедно и навистина очекувам да видиме убав и тврд натпревар“, рече Беќири.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!