Трета лигаФудбал

Хусеин Демири е ново мега засилување за Еуромилк ГЛ

Сподели
Сподели

Искусниот Хусеин Демири кариерата ќе ја продолжи во Еуромилк ГЛ, кој добива сериозно засилување во битката за повисок ранг. Искусниот фудбалер пристигнува како слободен играч по разделбата со Брегалница.

Демири остави силен печат во дресот на Башкими, каде беше еден од клучните играчи во историскиот успех и пласманот на кумановскиот клуб во Првата македонска лига.

Формата што ја прикажуваше минатата сезона, но и во претходните години, јасно покажува дека станува збор за фудбалер кој и понатаму може да прави разлика на теренот.

Со неговото доаѓање, Еуромилк ГЛ значително го крева квалитетот на тимот, токму во момент кога е тоа најпотребно. Поранешниот прволигаш моментално е непоразен лидер во Третата лига – Север и има јасна цел – пласман во Втората лига.

Првото место на табелата носи бараж за повисок ранг, а Демири треба да биде еден од носителите на играта во клучниот дел од сезоната.

29-годишниот фудбалер зад себе има богато искуство. Во Косово настапуваше за Феризај, Дуќагини и Призрен, на меѓународна сцена играше и во Финска за Кеми, додека во македонскиот фудбал ги носеше дресовите на Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Влазрими, Тетекс, Брегалница, Башкимк и Охрид.

Ангажманот на Демири е јасна порака дека Еуромилк ГЛ не крие амбиции и сериозно атакува на потврда на лидерската позиција и чекор поблиску до враќање во повисок ранг на натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!