Прва лигаФудбал

Работнички има двајца нови играчи: Промовирани Аритон Мехмеди и Џејсон Езеб

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички продолжува со интензивна активност во зимскиот преоден рок, а во ист ден промовираше две млади и перспективни засилувања за вториот дел од сезоната – македонскиот младински репрезентативец Аритон Мехмеди и шведскиот напаѓач Џејсон Езеб.

Аритон Мехмеди има 18 години и е член на младинската репрезентација на Македонија до 19 години. Крилниот фудбалер пристигнува од редовите на Шкупи, каде што во есенскиот дел забележа и настапи во Првата македонска фудбалска лига. За младиот офанзивец ова ќе биде втор клуб во професионалната кариера, а во Работнички се очекува да донесе свежина и енергија по крилните позиции.

Покрај Мехмеди, „романтичарите“ се засилија со со 19-годишниот Џејсон Езеб, кој доаѓа од холандскиот Дордрехт, а во клубот пристигнува на позајмица. Езеб има шведско државјанство, со потекло од Нигерија, и важи за фудбалер со сериозен потенцијал.


Младиот напаѓач ја минал фудбалската едукација во академиите на Хамарби во Шведска и Феенорд во Холандија, а има настапувано и за младинската репрезентација на Шведска до 16 години. По пристигнувањето во Скопје, тој веднаш се приклучи на тренинзите на тимот во пресрет на стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Со ангажманот на Мехмеди и Езеб, Работнички јасно покажува дека сериозно се подготвува за продолжението од сезоната. Клубот од Дебар Маало беше меѓу поактивните во овој преоден рок, а останува да се види дали ваквата стратегија со млади и перспективни фудбалери ќе биде доволна за исполнување на целта – опстанок во ПМФЛ.


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!